15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Вархеји порача дека целта е до јуни да започнат преговорите со Тирана и Скопје

НАЈЧИТАНО

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, во Тирана, изјави дека е потребно воспоставување стабилност во Западен Балкан а преговорите со Албанија и Северна Македонија да почнат за време на француското претседавање.

– Несомнено, треба да употребиме се што имаме во рака. Не може да има војна во Европа а Европа да не ја употреби сопствената моќ да го стабилизира западен Балкан. Вистина е дека во овој процес ние гледаме воспоставуваме долгорочна стабилност на Балканот. Не можам да дадам време за оние кои чекаат во овој процес за интеграција. Ние треба да донесеме одлука и да одиме напред во работата. Цел е оваа работа да заврши за време на француското претседавање. Мора да почнеме со вистинска интеграција на терен – изјави Вархеји.

Тој го поздрави, како што рече трпението на Албанија, барајќи истото да потрае.

– Во моментов не се одвојуваме од Северна Македонија, но доколку не почнат преговорите во јуни ќе побараме одвојување – рече премиерот Рама.

Во однос на руската агресија на Украина Вархеји и се заблагодари на Албанија за поддршката, и додаде дека со Рама имаат заеднички став дека војната мора веднаш да запре.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО