16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Вандали оштетиле околу 20 возила во катна гаража спроти „Буњаковец“

НАЈЧИТАНО

Утринава околу 20 возила се уништени во катната гаража која се наоѓа позади трговскиот центар „Буњаковец“, нѐ информираат од МВР.

Според информациите автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати…
Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо го потврдија случајот, велат дека работат на расчистување на истиот и дека во моментов немаат информации која е причината за овој вандалски чин.

– На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот – велат од МВР за Плусинфо.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО