2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Вака Таравари го оцени доаѓањето на амриканскиот тим за санкции

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

В.д претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари очекува да се раздвижи, како што вели, борбата против корупцијата на високо ниво кај власта со најавената помош од Соединетите Американски Држави (САД). Информацијата за пристигнувањето во Скопје на тимот на САД за санкции, за да се поведе истрага на корумпираните политичари, според Таравари, е дочекана со голема надеж од сите граѓани на земјава.

-Ова е задача на самата држава, меѓутоа сите закони што ги носиме стојат на хартија, практично не се спроведуваат. Се надевам дека оваа американска екипа ќе ги катализира процесите на антикорупација и функционирање на правна држава. Она што го слушам директно од американската амбасадорка, не е оваа акција само за сегашните функционери туку и за поранешните, така мислам дека треба да се делува и да се преземат конкретни чекори. Американска екипа сигурно нема да биде дел од егзекуцијата но ќе катализира. Катализаторите секогаш помагаат во реакциите, меѓутоа самите не влегуваат. Има повеќе процеси за кои сите ние знаеме но не говориме, се надевам дека тие ќе излезат на површина и македонското судство ќе земе одредени чекори да се ефектуираат одредени предмети, рече Таравари на новинарско прашање по прес-конференцијата во пресрет на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата – 9 декември.

Тој смета дека тоа е повеќе од потребна промена на парадигмата, која се чека долги години.

– Но, ова не е доволно. Ние сме мала земја и се познаваме еден со друг. Секој од нас знае кои беа и каков стандард на живеење имаа политичарите пред да дојдат на власт. Значи, корумпираните се познати со име и презиме.За да се искорени корупцијата потребно е еднаш засекогаш да се запре и отповика партизираноста и систематското заробување на судството од политиката. Граѓаните сега разбираат дека правосудниот систем е целосно во служба на власта и против интересите на државата и граѓаните. Затоа, само осум проценти од нив веруваат во правдата на државата. Со право, бидејќи сите веќе со години видоа како правдата стана селективна, а неправдата владее, како што се докажа и деновиве со последователните откажувања на рочиштата за трагедијата во болница во Тетово или намалувањето на казните на Мијалков – рече Таравари.

Лидерот на АА го цитираше американскиот претседател Џо Бајден минатата година кога ја постави борбата против корупцијата како главен интерес на националната безбедност на САД – „Борбата против корупцијата не е само добро владеење. Тоа е самоодбрана. Тоа е патриотизам и е од суштинско значење за зачувување на демократијата и нашата иднина”.

Алијанса за Албанците ќе се ангажира со сите нејзини капацитети за да донесе пакет за владеење на правото и бескомпромисната борба против корупцијата. Овој пакет ќе ги содржи најмалку следните елементи:

1. Законот за ветинг (проверка) на судиите и обвинителите;

2. Закон за Канцеларија за стекнување на имот, одговорна за конфискација на криминални средства;

3. Законски пакет за морални совети за јавниот живот, вклучувајќи Закон за проверка на интегритетот и богатството на лицата кои се избираат, именуваат или вршат јавни функции, вклучително и во високото образование и терцијарното здравство, како и Закон за спречување на непотизам од пратеници, министри, директори на државни агенции и јавни претпријатија како и високи општински претставници;

4. Удвојување на јавните инвестиции во судството, во јавното обвинителство и во институциите надлежни за спречување на корупција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Нови мерки: Како Netflix ќе ги спречи корисниците да ја споделат својата лозинка?

Првичните извештаи и испитувања во други земји сугерираат дека напорите за одвраќање на споделувањето лозинка ќе бидат релативно благи во почетната фаза, потпирајќи се...

Бактеријата која предизвикува чир може да се пренесе и на членовите на семејството

Бактеријата која предизвикува чир може да се пренесе и на членовите на семејството Кога гастроинтестиналните проблеми ја вклучуваат бактеријата Helicobacter Pylori (H. pylori), членовите на...

Вархеји ќе се сретне со претставници на македонските Бугари

Комесарот за добрососедство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји ќе се сретне со претставници на македонските Бугари – објави БГНЕС. Средбата ќе се одржи...
spot_img
spot_img
spot_img