24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ БЕЛЕЖИ РАСТ СПОРЕДБЕНО ЗА ИСТИОТ ПЕРИОД ОД ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА

НАЈЧИТАНО

Советниците на единаесеттата седница на Советот на Општина Охрид, го усвоија извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за период од 01.01 до 31.03.2022 година.

Споредбено со првиот квартал од 2021 година остварувањето на буџетските приходи оваа година бележат раст од 6,53 проценти, односно вкупно остварувањето во првиот квартал од 2022 година изнесува  18,95 проценти од вкупниот буџет. Во растот учествуваат речиси сите даночни приходи и споредбено со изминатата година сите бележат раст.

Остварувањето, висината, како и динамиката на вкупните приходи е значајно од аспект на создавање на можности за реализација на утврдените програми за работа имплементирани во буџетот на општината како и задоволување на потребите на граѓаните за решавање на нивните инфраструктурни, комунални, културни и други потреби.

Расходите во голема зависат од структурата и висината на планираните и остварени приходи и се во тесна врска со истите. Во однос на расходите најголем процент заземаат ставките од реализирањето на проекти од комуналната сфера.  Расходните програми за наредниот период се очекува, како процентуално така и структурно, да се во нагорна линија согласно започнатите проекти кои се во фаза на реализација и за кои во следниот период ќе бидат доставени ситуации кои ќе влијаат на вкупниот степен на реализација на програмите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО