8.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Бугарското МНР демантира дека Генчовска подлегнала на германскиот притисок

НАЈЧИТАНО

Во врска со дезинформациите во медиумите за преземените обврски на министерката Теодора Генчовска кон Германија и нејзината колешка Аналена Бербок, Министерството за надворешни работи во Софија излезе со соопштение во кое се наведува дека ставот на Бугарија за евроинтеграциите на Република Северна Македонија останува непроменет.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија продолжува да се придржува до Рамковниот став за проширување на ЕУ и процесот за стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија од 9 октомври 2019 година, кој беше едногласно поддржан со декларацијата на Националното собрание на Бугарија од 10 октомври 2019 година, како и од состанокот на Советодавниот совет за национална безбедност на 10.01.2022 година.

Во позицијата се вели дека поддршката за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан останува приоритет на бугарската надворешна политика и следејќи го критериумот на сопствените заслуги на секоја земја кандидат и почитувањето на основните вредности на ЕУ, вклучително и почитувањето на човековите права и почитувањето на принцип на добрососедство.

Теодора Генчовска вчера го реафирмираше ставот на Бугарија при нејзиниот разговор со шефот на германската дипломатија во рамките на Советот за надворешни работи.

Во однос на почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, клучно е Бугарија да постигне неповратни резултати во одржувањето добрососедски односи и добивање јасни гаранции во преговарачкиот процес на ЕУ за натамошна имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година. Бугарија очекува уставни гаранции за почитување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО