Бугарски пратеник бара оставка од Костадин Костадинов

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Независниот пратеник во бугарското Народно собрание, Јавор Божанков, побара оставка од лидерот на партијата Преродба, Костадин Костадинов, од функцијата претседател на парламентарната Комисија за Бугарите во странство, меѓу другото, поради говор на омраза кон Македонија.

Јавор Божанков, независен пратеник во бугарското Народно собрание

„Во своите јавни настапи и постапки, претседателот на Комисијата, Костадин Костадинов, изразува позиции кои се екстремни и неприфатливи, го нарушуваат престижот на Република Бугарија, како и создаваат ризик за заштита на правата и интересите на бугарските граѓани во странство. Пример за горенаведеното е изјавата дадена за време на неговата официјална посета на Република Северна Македонија, остварена на 25.11.2022 година, при што претседателот на собраниската Комисија за Бугарите во странство – Костадин Костадинов, присуствуваше на официјалното отворање на новите простории на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, а за медиумите во Република Северна Македонија изјави: ‘Бугарија и Македонија се две земји кои треба да бидат една’. Република Северна Македонија реагираше со вербална нота. Според нив, говорот на Костадинов содржел говор на омраза и територијални претензии. Како резултат на цитираното соопштение, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро ги осуди изјавите дадени јавно и постојано од страна на претседателот на комисијата – Костадин Костадинов, вклучително и изјавите за територијални претензии“, објаснува Божанков во писменото барање.

Тој се повикува и на онлајн петиција од Бугарите во странство со повеќе од 1.100 потписи, но констатира дека во самата Комисија нема расположение за смена на Костадинов, бидејќи од нејзините 15 члена само претставникот на Демократска Бугарија ја поддржува.

„На крајот, петицијата на Бугарите во странство ќе остане без реакција. Бугарија ќе продолжи да го носи овој срам. Не е важно дали е за една недела или еден месец. Прашањето е фундаментално. И на принципите им треба заштита. Не приказни“, пишува Божанков на Фејсбук.

Костадинов и европратеникот Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД завчера присуствуваа на панихидата во Скопје во македонскиот главен град за 95-годишнината од смртта на Мара Бунева, по која лидерот на Преродба испрати „поздрав до втората бугарска престолнина Скопје“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Силен ветер во Кавадаречко

Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа. „Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната...

Пендаровски вели дека територијалните претензии станале секојдневие

Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во Бугарија, наведува претседателот Стево Пендародвски во реакција на...

Пронајдени се живи четворица исчезнати на Кожуф

„Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот татко на едно од изгубените, бидејќи...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img