7.9 C
Ohrid
Thursday, December 1, 2022

Бугарија негира регистрација на етничко-македонски активистички групи

НАЈЧИТАНО

Американскиот Стејт департмент во извештајот за состојбата човековите права во светот во 2021 година, во делот за Бугарија наведува се нарушуваат правата на етничките Македонци за слобода на здружување. Стејт департментот наведува дека бугарските власти и покрај 14 одлуки на Судот за човекови права го спречуваат организирањето на Македонците.

„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединетата македонска организација – Илинден, Друштвото на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор, Здружението за одбрана на индивидуалните граѓански права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, и покрај 14 претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите. Во еден пример на 31 мај, апелацискиот суд во Софија ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација од ноември 2020 година, со која се одбива регистрацијата на Здружението на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор со образложение дека групата ќе спроведува политичка агенда која го загрозува единството и безбедноста на нација и би ги прекршиле правата на останатото население во земјата што не се идентификува како македонско“, пишува во извештајот на Стејт департментот.

Бугарија има значителни проблеми со човековите права, сериозни проблеми со независноста на судството, корупција, нетолеранција и ограничувања на слободното изразување, вклучително и закани за насилство врз новинарите и корпоративен и политички притисок врз медиумите во земјата. Тоа е наведено во годишниот извештај на Стејт департментот за човекови права во Бугарија за минатата година. Амбасадата на САД во Софија го објави делот од извештајот кој се однесува на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во извештајот се соопштува за сериозна корупција. Корупцијата, заедно со неефикасноста и недостиг на отчетност, се меѓу причините за ниското ниво на доверба во судството, и покрај тоа што Уставот и законите предвидуваат тоа да биде независно. Во извештајот се изразува загриженост поради недостигот на судска контрола против одлуката на обвинителството да не покрене истрага и поради влијанието на обвинителството врз Вишиот судски совет на Бугарија.
Американскиот Стејт департмент обрнува внимание и на податоците за нелегално прислушување и следење во Бугарија, повикувајќи се на заклучокот на специјалната комисија во Националното собрание за над 900 лица, меѓу кои и политичари, судии и новинари кои биле следени за време на антивладината протести во 2020 година. Извештајот ја разгледува и истрагата за полициското насилство врз демонстрантите.

Во документот се наведува дека независните медиуми биле отворено нападнати од политичари на сите нивоа и биле под административен и судски притисок. Цитирана е изјава од мај 2021 година на поранешниот генерален директор на Бугарското национално радио, Андон Балтаков, кој вели дека законот во земјата фаворизира политичко мешање во управувањето со медиумите преку контролирано финансирање.

Стејт департментот наведува дека не стивнува антисемитската реторика во Бугарија. Според пописот од 2011 година во земјата живееле 1.130 Евреи, но локалните еврејски организации проценуваат дека вистинскиот број е помеѓу 5.000 и 6.000.

„Антисемитската реторика продолжи да се појавува редовно на социјалните мрежи и како коментари под написите на онлајн медиумите. Организацијата на бугарските Евреи, или ‘Шалом’, објави тренд на зголемување на онлајн антисемитскиот говор и теориите на заговор во контекст на пандемијата на коронавирусот, како и периодичниот вандализам на еврејските гробишта и споменици. Во туристичките области низ земјата беа достапни сувенири со нацистички ознаки“, пишува Стејт депертментот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО