27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Брус Вилис ја прослави 34-годишнината од првиот филм од серијалот „Умри машки“

НАЈЧИТАНО

Брус Вилис ја прослави 34-годишнината од првиот филм од серијалот „Умри машки“, во кој го глумеше детективот Џон Меклејн, со посета на облакодерот Фокс Плаза во Лос Анџелес.

Овој облакодер во филмот послужи како локација за деловната зграда Накатоми Плаза. Со оваа посета Вилис го прекрши ветувањето кое во филмот го даде неговиот лик Меклејн, кој рече дека „никогаш повеќе нема да му падне напамет да се качи на толку висока зграда“.

Видеото од актерот како стои потпрен на оградата на врвот на облакодерот го сподели неговата сопруга Ема Хеминг Вилис на Инстаграм.

Кон крајот на март оваа година, Брус Вилис објави дека го напушта актерството поради афазија, болест поради која заболениот има тешкотии во обработката или изразувањето при вербална и писмена комуникација.

Минатиот месец актерот беше фотографиран во Лос Анџелес со сопругата, која на својот инстаграм-профил сѐ почесто споделува спомени од неговата богата кариера.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО