24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Брус бил однесен во болница, но починал од изгорениците

НАЈЧИТАНО

Човекот кој се самозапали пред Врховниот суд на САД во знак на протест против климатските промени почина неделава од своите повреди во саботата, се вели во извештајот на Ен-Би-Си објавен вчера. Метро полицијата го идентификувала човекот како Вин Алан Брус од Болдер, Колорадо, пренесува Футуризам.

Брус го започнал инцидентот околу 18 и 30 часот. За неколку минути медицински хеликоптер го однел во локалната болница, но тој не преживеал. Пријателите на човекот објавија спомени и збогување на неговата Фејсбук страница како одговор на неодамнешните објави.

Најпознатиот пример на самозапалување се случи во Виетнам во 1963 година, кога будистичкиот монах Тич Канг Џук се самозапали на улиците на Сајгон. Фотографиите од моментот направени од Малколм Браун освоија награди и остануваат една од најпрепознатливите фотографии во модерната историја.

Ен-Би-Си соопшти дека никој друг не бил повреден или загрозен од инцидентот неделава и дека Врховниот суд во тоа време не заседавал. Не е јасно дали Брус го знаел нивниот распоред, но можно е тој да избрал да се самозапали на начин што не претставувал никаква закана за владините службеници.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО