22.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Бројот на цивилни жртви во Јемен зафатен од војна е намален за повеќе од 50 отсто откако на почетокот на април стапи на сила двомесечниот прекин на огнот

НАЈЧИТАНО

Бројот на цивилни жртви во Јемен зафатен од војна е намален за повеќе од 50 отсто откако на почетокот на април стапи на сила двомесечниот прекин на огнот, соопшти Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ), кој обезбедува храна, засолниште и други основни потреби за да се ублажат последиците од прогласувањето на ОН за најтешка хуманитарна криза во светот.

Во април имало 95 цивилни жртви, споредено со 213 во март, според податоците од НРЦ.

„Податоците се јасен доказ за придобивките од примирјето. Во името на јеменскиот народ и неговата иднина, се надеваме дека страните во конфликтот ќе го продолжат примирјето“, рече директорот на НРЦ за Јемен, Ерин Хачинсон.

Конфликтот во Јемен се води помеѓу меѓународно признатата влада, поддржана од воената коалиција предводена од Саудиска Арабија и бунтовниците Хути, кои поддржани од Иран.

Стотици илјади луѓе досега загинаа во конфликтот, а популацијата на најсиромашната земја во арапскиот свет се најде и на работ на изгладнување.

Двомесечниот прекин на огнот стапи на сила на 2 април.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО