16.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Бројот на умрените лица во земјава лани е зголемен за 10,7 % во однос на претходната година

НАЈЧИТАНО

Бројот на умрените лица во земјава лани е зголемен за 10,7 % во однос на претходната година и изнесува 28 516. Поголем број се од машки пол, и тоа 15 155 или 53,1 %. Бројот на умрените доенчиња изнесува 85, a нивното учество во вкупниот број умрени изнесува 0,3% на 100 починати, соопшти Државниот завод за статистика.

Лани најголем број починати се евидентирани во април и тоа 3 212 лица.
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71,6 години, односно 75,2 години кај лицата од женски пол, или за 3,6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Најголемо учество имаат починатите лица од болести на циркулаторниот систем – 35.9 %, а потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавува пандемијата на ковид-19 со 20,6 %, неоплазмите со 13,8 %, кај 5,8 % причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, кај 4,2 % се болестите на респираторниот систем, а потоа следат други причини за смрт, но со помала застапеност.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО