Бројот на жртвите во Днепар се искачи на 35, руските сили го гаѓаа и градот Запорожје

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Бројот на загинати од руски ракетен напад врз станбена зграда во југоисточниот украински град Днипро се искачи на 35, соопшти претставник на регионалната администрација.

Спасувачите продолжија да ги пребаруваат урнатините за повеќе жртви, рече регионалниот гувернер Валентин Резниченко.

Најмалку 75 лица беа ранети во рускиот напад врз зградата во саботата, а 35 се уште се водат како исчезнати.

Во таа катна зграда живееле околу 1.700 луѓе, а граѓаните велат дека на тоа место немало воени објекти.

Нападот на зградата во саботата се случи откако Русија започна нов бран гранатирања и ракетни напади врз неколку украински градови и локации.

Обновените напади на Москва доаѓаат додека беснеат жестоки борби во источната украинска провинција Доњецк, каде што руската војска тврди дека ја презела контролата врз малиот град Соледар, додека Украинците велат дека нивните сили се уште се борат во градот.

Руските сили денеска го нападнаа градот Запорожје, при што беше оштетена индустриската инфраструктура, кога беа ранети три лица, меѓу кои две деца, соопшти регионалната администрација.

Руските и белоруските сили започнаа заеднички воени вежби во Белорусија, кои ќе траат до 1 февруари, соопшти белоруското Министерство за одбрана. Русија испрати свои воени авиони во Белорусија за овие вежби.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Граѓаните на Швајцарија излегуваат на референдум

Граѓаните на Швајцарија на референдум ќе одлучат дали сакаат да го задржат плаќањето во готово, објави во понеделникот здружението, откривајќи дека собрало доволно потписи...

Македонија се мобилизира да им помогне на настраданите во силниот катастрофален земјотрес од што ги погоди Турција и Сирија и предизвика големи материјални штети,...

Македонија се мобилизира да им помогне на настраданите во силниот катастрофален земјотрес од што ги погоди Турција и Сирија и предизвика големи материјални штети,...

Зошто земјотресот во Турција беше толку смртоносен и што го предизвика?

Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ја погоди југоисточна Турција во близина на границата со Сирија, а бројот...

Moda

Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
spot_img
spot_img
spot_img