2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Брнабиќ: Владата формира тимови за заштита на економијата и финансискиот систем

НАЈЧИТАНО

Владата на Србија на денешната седница ќе формира тимови за заштита на економијата, финансискиот систем и граѓаните, со цел одржување на стабилноста и продолжување на економскиот раст на земјата, најави премиерката Ана Брнабиќ.

„Пред владината седница ќе имам средба со бизнисмени“, изјави Брнабиќ за новинарите на отворањето на Комората на кинески компании во Србија.

Таа посочи дека работните групи ќе се занимаваат со тоа што граѓаните знаат дека државата е силна и стабилна и домаќински управувана.

„Најважно е да се одржи стабилноста и да се продолжи со растот и развојот и покрај тешките времиња, за да се исполни планот растот на бруто домашниот производ (БДП) оваа година да биде 4,5 проценти“, рече премиерот.

Целта, додаде таа, е да се намали јавниот долг и буџетскиот дефицит, како и невработеноста и да се обезбеди раст на платите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО