16.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Британците тврдат дека моралот на Украинците опаѓа

НАЈЧИТАНО

Руските и украинските сили најверојатно ќе се соочат со „променлив“ борбен морал и дезертерство, се вели во извештајот на британското Министерство за одбрана заснован на информации од британското разузнавање, јави германската новинска агенција ДПА.

„Украинските сили веројатно претрпеа дезертирање во последните недели, но рускиот борбен морал е многу веројатно сè уште проблематичен“, објавија од Министерството.

Продолжуваат случаите во кои цели руски единици одбиваат да извршуваат наредби, но и случаи во кои има конфликт меѓу офицерите и нивните војници, додаваат од Министерството.

„Факторите кои придонесуваат за нискиот руски борбен морал вклучуваат лошо раководство, ограничена способност за ротирање на конфликтните единици, многу големи жртви, исцрпеност од борбите, лоша логистика и тешкотии за исплата на платите“, напиша Министерството.

Двете страни „продолжија артилериско гранатирање“ северно, источно и јужно од северен Доњецк во последните денови, со „мали промени на линијата на бојното поле“, се вели во соопштението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО