25.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Британците изрекоа санкции за неколку руски олигарси

НАЈЧИТАНО

Владата на Велика Британија го санкционираше рускиот олигарх Роман Абрамович, замрзнувајќи го неговиот имот, вклучително и на англискиот фудбалски клуб Челзи.
Во денешното соопштение, владата нагласи дека на Абрамович му се замрзнати средствата, забрана за трансакции со поединци и бизниси во Велика Британија, а исречена му е и забрана за патување. Абрамович и сојузникот на Путин, Игор Сечин, се меѓу седумте олигарси и политичари кои ќе бидат додадени на листата на санкции на Лондон.

Се проценува дека санкциите се во вредност од близу 20 милијарди долари (15 милијарди фунти). На списокот со санкции се додаваат уште седум олигарси и политичари: Роман Абрамович, сопственик на Челзи и има удел во челичниот гигант Евраз и Норилск Никел, Олег Дерипаска, кој има удели во En+ Group, Игор Сечин, извршен директор на Роснефт, Андреј Костин, претседател на VTB банка, Алексеј Милер, извршен директор на енергетската компанија Гаспром, Николај Токарев, претседател на руската државна компанија за гасоводи Трансњефт и Дмитриј Лебедев, претседател на одборот на директори на Банката Русија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО