16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Британскиот парламент го затвора својот TikTok, пратениците стравуваат за безбедноста на податоците

НАЈЧИТАНО

Британскиот парламент во средата го затвори својот експериментален профил TikTok, кој требаше да привлече помлада публика, бидејќи некои пратеници изразија загриженост за безбедноста на податоците објавени на социјалната мрежа со седиште во Кина.

„Врз основа на повратни информации од членовите на парламентот, го затвораме пилот-профилот на TikTok на парламентот порано од планираното“, рече портпаролот на институцијата. Профилот е направен со цел да се заинтересира помладата публика за работата на парламентот, но сега содржината е отстранета.

ByteDance, компанијата која е сопственик на TikTok, е со седиште во Кина.

Во писмото до претседателите на двата дома на парламентот, кое го откри порталот Политико, претставниците кои се под санкции на Пекинг затоа што политиката што Пекинг ја спроведува против Ујгурите и другите национални малцинства ја нарекоа геноцид, протестираа против тоа што парламентот има профил на TikTok.

„Можноста режимот на претседателот Си Џинпинг да има пристап до личните информации на нашите деца предизвикува голема загриженост“, напишаа тие.

Еден од шефовите на социјалната мрежа во Европа, Тео Бертам, во јули изјави дека од TikTok никогаш не било побарано да ѝ ги предаде податоците за своите корисници на кинеската влада и дека мрежата нема да го исполни таквото барање.

Портпаролката на TikTok го изрази своето разочарување што парламентот е лишен од можноста да се „поврзе со милиони корисници кои користат TikTok во ОК“ и предложи да ги објасни сите нејаснотии на пратениците.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО