5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Британскиот амбасадор на прво место ја става борбата со корупцијата

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

За Северна Македонија фокусот во 2023 година мора да биде на реформи. Реформи кои пред се и над се ќе бидат на барање на граѓаните и на нивните интереси. Патот напред, темпото на тие реформи и напредокот кон ЕУ сега зависи од вас. Сега е моментот кога треба да се надоврзете на оној поттик којшто се случи во 2022 со почнувањето на преговорите. Времето отсега до изборите во 2024 година треба да се искористи токму затоа, да се турнат напред оние толку потребни реформи за кои сите знаеме кои се и што е потребно да се направи.

Ова го порача евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието, на кој шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон Јаин ги претстави приоритетите на претседавањето на нејзината држава со Советот на ЕУ.

Гир подвлече дека 2023 година ќе биде решавачка за ЕУ, за Западен Балкан и Северна Македонија.

– Живееме во историски времиња со целата болка, со сите тие тешки моменти што ни се случуваат. Но, исто така има и еден силен порив за одлучност за да се движиме напред. Се сеќавате на извештајот од минатата есен што го разгледувавме токму во овој законодавен дом, а што дава јасни насоки. Од клучна и највисока важност е владеењето на правото. Ова беше особен фокус и загриженост од страна на граѓаните минатата година. ЕУ, земјите членки и други држави партнери потрошија милиони во овој сектор така што праведно е да се очекува да има и одредени резултати. Северна Македонија има потреба од професионален и од независен правосуден сектор вклучително и обвинителство. Луѓе коишто делуваат со интегритет ослободени од политички притисок или финансиски поттик. Главен приоритет треба да биде и борбата против организираниот криминал и корупција. Таа борба треба да има дополнителна енергија бидејќи ЕУ од блиску ќе го следи развојот на настаните во овој дел – во делот темелници од првиот до последниот дел од преговарачакиот процес. Владата секако го води тој процес, но и Парламентот е во срцевината – истакна Гир.

Тој нагласи дека опозицијата истовремено треба да ја одигра својата улога во ревидирање на политиките и осигурување на конзистентност на законските текстови со европското законодавство.

– Европската интеграција бара целосна посветеност. Европските стандарди и вредности не се воопшто од она што го очекуваат вашите граѓани од вас. Владата, Парламентот, државните институции, локалните институции, како и сите политички актери на политичкиот спектар заедно со граѓанското општество треба сите заедно да работат за да се напредува во делот на европските реформи како дел од еден национален проект. Станува збор за преземање на практични реформски чекори едно по едно што вклучува работење заедно за да се постигнат заеднички позиции на Уставниот суд, аудиовизуелниот сектор, заменик Народниот правобранител и цела една серија на закони коишто се потребни за реформите во овие сектори да се придвижат веднаш – подвлeче Гир.

Евроамбасадорот повтори дека патот кон членството во ЕУ нема да биде лесен.
– Но, имате почнато со реформи во важни области, а некаде сте дури понапред и од други држави, од европски држави. Измените на Уставот со цел вклучување на граѓаните коишто се самоопределуваат како Бугари останува суверена одлука на Северна Македонија, но исполнувањето на тоа е потребно за да се задржи моментумот во преговорите. Станува збор за одлука која што не зависи од никој друг освен од вас – истакна Гир.

Евроамбасадорот нагласи дека да се стане членка на ЕУ не се губи националниот идентитет.

– Уште еднаш дозволете да појаснам дека да се стане членка на ЕУ на никој начин не го одзема вашиот јазик или националниот идентитет. Неодамна потпишаниот договор со ФРОНТЕКС е доказ за тоа. Носи сигурност и безбедност за вашите граници, но истовремено и првиот договор помеѓу Северна Македонија и ЕУ потпишан и преведен на македонски јазик и на сите други 24 јазици на ЕУ при што сите јазични варијанти се еднакво важечки. Да, тешко е, но ситуацијата може да се разреши и повеќе држави од регионот покажаа дека такво нешто е можно. И бидете сигурни дека ЕУ ќе стои цврсто до Северна Македонија до секој чекор од нејзиниот пат до ЕУ. Ќе се справуваме со сите можни предизвици на тој пат заедно – подвлече Гир.

Тој повтори дека оваа година нема да биде вообичаена година за Европа, за Западниот Балкан и за Северна Македонија.

– Минатата недела бев во Делчево. Градоначалникот ја искористи приликата да ми ја прикаже онаа практична хуманитарна поддршка која што граѓаните на Делчево има дадено за Украина. Тоа се мали но значителни и значајни чинови и не смее само овој пример. Овој пример го следат многу градови и населени места во ЕУ. Како држава, пак, Северна Македонија покажа исклучително лидерство во однос на ова дефинирачко прашање, вклучително и фактот дека се придружи целосно кон европските политики визави Украина на меѓународните форуми што се однесуваат меѓу другото и на имплементирање на санкции за оние кои се одговорни за оваа војна – рече Гир.

Тој ѝ честиташе на Македонија за преземањето на претседавањето со ОБСЕ.

– Сепак, руската војна против Украина создаде и големи предизвици за нас особено во делот на енергија, на снабдување со храна предизвикувајќи големо зголемување на цените на енергенсите и на храната и сите работиме активно на контролирање на таквата состојба. ЕУ беше првата која што дојде со поддршка за државава и за регионот и соочени со кризата ќе дадеме уште 18 милиони евра оваа година во таа насока. Ќе следуваат и речиси половина милијарда евра за Западниот Балкан како целина за да може да му се помогне на регионот да се соочи со предизвиците како што се зелена транзиција, климатски промени и ќе продолжиме заедно да работиме на овие прашања – рече евроамбасадорот.

Во 2022 година случувањата во Украина се преслика низ целиот регион, додаде Гир, со тоа што фрлија силно светло врз она што ние многу го вреднуваме, највисоко го вреднуваме, а тоа е мир, демократија, слобода, меѓународна соработка и напредок преку мултилатерализам заснован меѓународен систем, а не доктрината на тоа дека посилниот е секогаш во право.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Грција ја потврди смртта на воениот пилот чиј авион се урнал во морето

Грција ја потврди смртта на триесет и едногодишниот пилот Ефстатиос Цитлакидис, чиј борбен авион Ф-4 Фантом во понеделникот се урна во Јонското Море. Телото на...

Во Холандија е потврдено кравјото лудило

Холандските власти потврдија дека кравата што умрела на фарма во таа земја имала таканаречена кравјо луда, ретка невродегенеративна болест кај говедата која може да...

Штрајк на половина милион вработени во Британија – училиштата затворени, возовите, авионите доцнат

Десетици илјади училишта во Велика Британија делумно или целосно ја прекинаа наставата, прекинат е и железничкиот сообраќај, а се очекуваат доцнење на авионите бидејќи...
spot_img
spot_img
spot_img