18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Британска министерка му се закани на Пекинг

НАЈЧИТАНО

Кина може да се соочи со санкции во „ист стил“ како Русија доколку ја загрози безбедноста на другите земји, предупреди британската министерка за надворешни работи Лиз Трас во велигденски говор на банкет кај градоначалникот на Лондон, пишува Индепендент.

– Тие (Кинезите) нема да продолжат да се растат (како земја) ако не играат според правилата – додаде Трас.

Според неа, седумте светски сили од Г7 групата треба да дејствуваат како „економско НАТО“, што значи да бидат подготвени да се бранат една со друга доколку нивните економии бидат нападнати од некој агресивен режим, на пример, Русија или Кина.

Лиз зборуваше и за проширување на моќта на НАТО во „глобално НАТО“ кое ќе биде способно да влијае на ситуацијата во Индискиот и Тихиот Океан, односно ќе обезбеди дека „Пацификот е заштитен и демократиите како Тајван се способни да се бранат себеси“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО