5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Британската ѕвезда го има „според пресметките“ најсовршеното лице

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Резултатот е изведен од „златниот однос на убавината“, математичка равенка која треба да ги мери идеалните пропорции на лицето, а ја пресметал пластичен хирург од Лондон.

Џоди Комер, 29-годишната британска актерка позната по улогата на атентаторот Виланел во шпионската серија „Killing Eve“, наводно има „совршено лице“. Овој резултат доаѓа од математичката равенка која би требало да ги мери идеалните пропорции на лицето, а ја пресметал естетскиот хирург од Лондон Џулијан Де Силва. Тој ја адаптирал математичката равенка што првично ја користеле архитекти и уметници за да создаде ремек-дела за луѓето. „Се мерат должината и ширината на лицето, а потоа резултатите се делат. Колку збирот на овие бројки е поблиску до 1,6, толку лицето е поблиску до златниот пресек. Нагласена е и симетријата и еднаквите пропорции. „Должината на ушите треба да биде еднаква на должината на носот, а ширината на едното око треба да биде еднаква на растојанието помеѓу двете очи“, вели Де Силва.

Според пресметката на хирургот, Џоди Комер има резултат од 94,52%. „Најдобар резултат за ширината и должината на нејзиниот нос“, коментира докторот на својот Инстаграм профил, пред да додаде: „Таа беше блиску до врвот во однос на формата на усните и положбата на очите. Нејзината брада е прекрасно обликувана и целокупната форма на нејзиното лице е навистина силна“. На листата на познатиот хирург се и Зендаја (94,37%), Бела Хадид (94,35%) и Бијонсе (92,44%). Меѓу „победничките“ на ова рангирање се Аријана Гранде, Тејлор Свифт и Ким Кардашијан.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Владата го смени името, но но не и планот

Владата воведува данок против оние форми кои енормно профитираа од кризите изминативе две-три години, само го нарекува со друго има, данок за солидарност. Имено, доколку државата...

И на МНР му „пукна филмот“

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија преку соопштение, со жалење констатира дека собраниската декларација за наводна „ескалација на агресивни антибугарски активности во Република...

Груевски ја коментира ситуацијата со соседна Бугарија

„Од секогаш сум тврдел дека македонското прашање може да се затвори само тогаш кога ќе е во корист на Македонија и на македонскиот народ...
spot_img
spot_img
spot_img