25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Британската министерска облече шубара и се сретна со Лавров

НАЈЧИТАНО

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трус, утринава го предупреди Кремљ дека ќе се соочи со „сериозни“, тешки последици за каква било окупација на Украина, пристигнувајќи на средба со нејзиниот колега Сергеј Лавров. Истовремено, нејзиниот колега, британскиот премиер Борис Џонсон се сретна со генсекот на НАТО, Јенс Столтенберг во Полска, откај што ѝ порача на Европа „цврсто да се заложи за членството на Украина во Алијансата“, пишува Индепендент.

Додека вниманието последните денови беше свртено кон средбата Макрон-Путин, денеска тоа е кон Велика Британија. Министерката Лиз Трус дури облече еден вид на шубара за да се заштити од рускиот студ, иста таква каква што некогаш носеше Маргарет Тачер, објавија некои британски медиуми. Потоа се сретнаа со Лавров. Тој ја опиша средбата со Лиза како „без преседан“.

Но, шефицата на британската дипломатија му одговори дека „војната во Украина би била погубна за рускиот и украинскиот народ и за европската безбедност и заедно НАТО јасно стави до знаење дека секој упад во Украина ќе има огромни последици и ќе носи сериозни трошоци“.

Оштрите изјави продолжија со говорот на Борис Џонсон во Полска. Тој рече дека Британија „останува непоколеблива во нашата посветеност на европската безбедност“.

– Како сојуз мора да повлечеме линии на снегот и да бидеме јасни дека постојат принципи според кои нема да правиме компромиси. Тоа ја вклучува безбедноста на секој сојузник во НАТО и правото на секоја европска демократија да се стреми кон членство во НАТО – додаде премиерот.

Според Борис Џонсон, неговиот претходник, Џереми Корбин, „погрешил“ што го критикувал НАТО.

– Тоа (НАТО) е дел од нашите вредности, исто толку релевантни денес како било кога досега – изјави тој за Тајмс.

Британија исто така ќе постави уште 1.000 војници во Европа на готовс при можна војна и бегалска криза во Украина, најави Бен Волас, министерот за одбрана. Земјата веќе има поднесено закон за санкции кон Русија, а министерката Лиз Трус им рече на пратениците дека законите ќе стапат во сила до 10 февруари. Но, засега ништо не е изгласано во парламентот.

Санкциите кои Трус ќе ги предложи во парламентот „ќе бидат насочени кон секоја компанија која е поврзана со руската држава која се занимава со бизнис од економско значење за руската држава или работи во сектор од стратешко значење за руската држава“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО