14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

Британија ги истражува наводите за можен хемиски напад врз Мариупол

НАЈЧИТАНО

Велика Британија се обидува да ги потврди наводите дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина во нападот на стратешкиот пристанишен град Мариупол, кој е под опсада повеќе од еден месец, соопшти британското Министерство за надворешни работи во понеделникот вечерта.

„Информациите велат дека руските сили можеби користеле хемиски агенси во нападот врз жителите на Мариупол. Итно работиме со нашите партнери за да ја потврдиме оваа информација“, напиша министерката за надворешни работи Лиз Трус на Твитер.

„Секоја употреба на овој тип на оружје би претставувала брутална ескалација на конфликтот и ќе го повикаме (рускиот претседател Владимир) Путин на одговорност“, додаде таа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во понеделникот дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина и го повика Западот да воведе силни санкции за Москва да не се осмели да зборува за употреба на такво оружје.

Во текот на денот во понеделникот беа објавени непроверени извештаи кои сугерираат дека Русија користела хемиско оружје во Мариупол, пристаниште на југот на земјата.

Украинската парламентарка Ивана Климпуш изјави дека Русија користела „непозната супстанца“ во Мариупол, каде што некои луѓе страдаат од респираторни проблеми. „Веројатно хемиско оружје“, напиша таа на Твитер.

АФП нагласува дека не може самостојно да ги потврди овие наводи.

Помошникот на градоначалникот на Мариупол Петро Андрјушенко во своите извештаи преку Телеграм напиша дека хемиските напади не се потврдени и дека очекува подоцна да може да објави детали и објаснувања.

Портпаролот на Пентагон Питер Кирби рече дека САД се запознаени со извештаите.

„Во моментов не можеме ништо да потврдиме, но ќе продолжиме повнимателно да ја следиме ситуацијата“, рече тој.

„Овие извештаи, доколку се вистинити, се длабоко вознемирувачки и укажуваат на стравувањата што ги изразивме за можноста Русија да користи воени средства“, рече тој.

Русија негираше дека извршила воени злосторства од почетокот на нејзината офанзива против Украина на 24 февруари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО