25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари

НАЈЧИТАНО

„Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари.

Како што изјави за МИА директорот на фабриката Коста Ташков, новата цена е резултат на покачувањето на цената на суровината.

Според него, новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и  Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон.

На прашањето дали ќе има ново зголемување на цената на маслото за јадење, Ташков одговори дека тоа ќе зависи од цената на светската берза. Тој смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават залихи.

Со поскапувањето, „Брилијант“ ја изедначи цената на зејтинот со онаа на останатите македонски производители.

Анализите покажуваат дека македонските граѓани месечно трошат околу 2,5 милиони шишиња зејтин.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО