2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Бренд: Роналдо се сели во Ал Наср, плата 200 милиони евра

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е блиску до договор со Ал Наср, а во клубот од Саудиска Арабија треба да заработува 200 милиони евра по сезона, пишува шпанскиот спортски весник „Марка“.

Шпанските медиуми тврдат дека Роналдо треба да потпише договор со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2025 година.

„Роналдо е блиску до договор со Ал Наср. Тој во овој клуб ќе заработува 200 милиони евра по сезона, а во договорот ќе биде ставена и клаузула за рекламирање. Роналдо нема избор. Ниту еден европски клуб не може да ја следи финансиската понуда на Ал Наср, а не можат ниту клубовите од МЛС“, пренесува „Марка“, која е блиска до менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш.

Шпанскиот весник тврди дека зделката ќе биде објавена по Светското првенство, бидејќи Роналдо игра со Португалија на Мундијалот во Катар.

Тренер на Ал Наср е Французинот Руди Гарсија, а најголеми ѕвезди на клубот се голманот Давид Оспина и поранешниот играч на Виљареал Алваро Гонзалес. Ал Наср е, заедно со Ал Хилал, најтрофејниот клуб во Саудиска Арабија.

Роналдо неодамна го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а претходно настапуваше за Спортинг, Реал и Јувентус.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Шојгу најави реформа со нови 350.000 војници

Реформа со која Русија треба до 2026 година да регрутира нови 350.000 војници најави Кремљ, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја оправда...

Руски „Искандер“ ги уништи сите, но светилиштето остана недопрено!

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа уништување на украински борбени возила и опрема во близина на Изјум. Наводно, Украинците паркирале...

Исфрлете ги овие намирници и заменете ги со други

Решивте да почнете да живеете поздраво и првиот чекор кон ново поглавје беше промената на вашето мени. Сепак, некои од намирниците за кои верувавме...
spot_img
spot_img
spot_img