22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Бојан Маровиќ си пресади коса

НАЈЧИТАНО

Црногорскиот пејач Бојан Маровиќ (38) судејќи според неговите објави на Инстаграм, одлучил да си пресади коса.

Имено, Маровиќ и самиот зборуваше дека му било стресно кога почнал да ја губи косата, па долго бил ќелав, а неговите фотографии зборуваат дека дошло до голема промена.

Сега Бојан почесто се слика и објавува фотографии на Инстаграм, а добива и бројни комплименти од припадничките на понежниот пол.

 

Бојан се прослави пред 20 години кога учествуваше на еден фестивал и со својата балада ги освои сите, а беше и остана миленик на многу припаднички на понежниот пол.

„Најмногу ме погоди кога се разбудив во еден хотел, веќе не знаеш каде се будиш, кој град е. Отидов да се измијам и си ја видов косата во рацете. Видов два печати на темето и тогаш се свртев и реков „тоа е тоа, крајот на приказната веќе никој не ми треба, сѐ ќе направам сам““, изјави своевремено Бојан за медиумите.

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО