17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Бочварски вели се гради внимателно да нема штета на земјоделието

НАЈЧИТАНО

Вториот дел од експресниот пат од Крупиште до Кочани се очекува да биде пуштен за сообраќај оваа есен, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по денешното пуштање на крстосницата во Штип.

Тој рече дека  оваа делница се гради, а насоките до надзорниот инженер и до сите учесници во изградбата е да бидат крајно внимателни.

-Околните ниви и површини кои се наоѓаат лево и десно на самиот пат и да не направиме штета на земјоделските површини и заради тоа крајно винателно се водат градежните работи. Конкретно ќе ги разгледаме сите прашања и проблеми, коишто досега не сме ги разгледале и доколку има можност секако ќе реагираме, за да направиме уште еденм исчекор кон подобрување на инфраструктурата, но мора да знаеме и дека се работи за експресен брз пат, којшто е замена за стариот пат – вели Бочварски.

Пред една недела жителите на неколку села во кочанско протестираа и бараа да се адаптира атмосферскиот канал преку кој ќе поминуваат трактори и комабјни.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО