15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Боумен утре доаѓа во Скопје

НАЈЧИТАНО

Потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за политика и партнерство, Марк Боуман утре и задутре ќе престојува во посета на земјава, во рамки на која ќе има средби со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и со претставници на владини институции и на приватниот банкарски сектор и инвеститорите.

Боуман и генералниот директор на финансиски институции на ЕБОР, Франсис Малиж ќе се обратат на Конференцијата посветена на централните банки, која е организирана од Народна банка на Северна Македонија и Европската Инвестициска банка (ЕИБ).

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над 2.2 милијарди евра во 159 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, која се соочува со еден од најголемите предизвици на земјата – декарбонизација на економијата.

За оваа планирана цел, Банката направи бројни инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски ресурси, правејќи ја земјата понезависна и поотпорна.

Наредниот проект е 10 мегаватна соларна фотоволтаична плантажа изградена на окното на стариот рудник со јаглен во Осломеј. Проектот е финансиран од ЕБОР, ЕУ и други меѓународни донатори, а ќе следат и други капацитети за производство на соларна енергија во таа област, како и 30 мегаватни соларни фотоволтаици во Битола.

ЕБОР и ЕУ помагаат во зајакнување на електричната мрежа и ја поврзуваат со други регионални мрежи. Во Охрид се гради нова потстаница за електрична енергија, која е финансирана од ЕБОР и ЕУ. Преку новиот интерконектор, мрежата на Северна Македонија ќе има зголемени, современи конекции со Албанија, Грција, Бугарија, Црна Гора и Италија. Проектот е финална фаза на иницијативата на ЕУ за воспоставување коридор за пренос на електрична енергија исток – запад, помеѓу овие земји.

Со цел да се подобри отпорноста на приватниот и финансискиот сектор, ЕБОР подготви нови упатства за компаниите во однос на нивното известување за владеење  на еколошките, социјалните и управувачките аспекти.

Помеѓу инвестициските проекти во земјата, кои во моментов се во фаза на разгледување за финансирање, спаѓаат и главната Европска патна мрежа – автопатот во четири ленти од Скопје до Косовската граница, надградба на управувањето со цврст отпад и голем број на кредитни линии за енергетска ефикасност за локалните банки, кои ќе им се позајмуваат на мали и средни претпријатија. Кредитите на ЕБОР ќе бидат дополнети со грантови од ЕУ, Швајцарската влада и други меѓународни донатори.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО