2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Борис Џонсон прогласен за почесен граѓанин на Киев

НАЈЧИТАНО

Градскиот совет на главниот град на Украина, Киев, во четвртокот му ја додели титулата почесен граѓанин на поранешниот британски премиер Борис Џонсон.

-„Градскиот совет на Киев ја одобри одлуката за доделување на титулата почесен граѓанин на Киев на Борис Џонсон, голем пријател на Украина“, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на социјалната мрежа Телеграм.

Тој додаде дека Џонсон неколку пати ја посетил украинската престолнина – „и во мир и во најдраматичното време од нашата борба против рускиот агресор“.

Градоначалникот на Киев изјави дека е сигурен оти Џонсон ќе продолжи да прави се што е можно за да обезбеди Велика Британија и светските лидери да и ја пружат потребната помош на Украина. Заблагодарувајќи се за поддршката, тој истакна дека чекаат да му ја врачат оваа почесна награда на Џонсон во Киев.

Во неодамнешното интервју за Си-Ен-Ен, Џонсон, еден од најгласните поддржувачи на Украина, рече дека позициите на западните земји се разликуваат пред Москва да ја започне својата специјална воена операција во Украина на 24 февруари.

Тој рече дека Германија сака Украина да се откаже наместо да се вклучи во долга војна, додека францускиот претседател Емануел Макрон ја негираше заканата од воена операција.

Џонсон беше заменет во Даунинг стрит од Лиз Трус, која имаше најкраток мандат од сите британски премиери. Сега премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, кој минатата недела во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски и најави нов пакет воена помош во вредност од 50 милиони фунти (околу 58 милиони евра).

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО