15.9 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Борел: Продолжувањето на извозот на жито од Украина е прашање на живот и смрт

НАЈЧИТАНО

Прашањето за извоз на жито од Украина е прашање на „живот или смрт“ и се надеваме дека оваа недела ќе биде постигнат договор за деблокирање на пристаништето Одеса, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

„Животите… на десетици илјади луѓе зависат од тој договор“, за кој преговараат Русија, Украина, Турција и Обединетите нации, рече Борел по пристигнувањето во Брисел на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ посветен на војната во Украина. .

Договорот треба да обезбеди транспорт преку Црното Море на околу 20 милиони тони жито блокирано во украинските силоси поради руската агресија врз таа земја.

Исто така, треба да го олесни извозот на руски житарки и ѓубрива погодени од западните санкции наметнати против руските логистички и финансиски синџири.

Русија најави дека финалниот документ ќе биде договорен на состанокот оваа недела во Турција.

Европската унија има намера да го продолжи притисокот врз Москва со нови санкции како и финансиска и воена поддршка на Украина, најави Борел.

„Некои европски лидери рекоа дека санкциите се грешка. Мислам дека тоа не е грешка, тоа мора да го направиме и ќе продолжиме да го правиме, рече Борел како одговор на изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан во петокот ги осуди санкциите, сметајќи ги за грешка бидејќи не ја постигнаа целта и всушност имаа спротивен ефект.

„Европската економија си пукаше во белите дробови и се гуши“, рече тогаш Орбан.

Во петокот Европската комисија претстави нови мерки, вклучително и ембарго за купување злато од Русија.

Министрите треба да се изјаснат и за деблокирање на петтата транша од 500 милиони евра, за финансирање на воена опрема и оружје за Украина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО