14.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Бомбата од 120 кила била наменета за руските сили

НАЈЧИТАНО

Беспилотното летало, од советско производство, кое на крајот на минатата недела падна во Загреб е на украинските воени сили и носел бомба од 120 килограми наменета за руските воени позиции во Украина, пишува денеска хрватскиот неделник „Национал“, повикувајќи се на извор близок до Министерството за одбрана.

Истиот извор за „Национал“ открил дека е извесно дека дронот излегол од контрола и оти наместо на руските позиции во Украина, завршил во Загреб, каде што паднал кога останал без гориво поминувајќи ги Романија и Унгарија без да биде забележан.

Останува непознато дали леталото изгубило контрола поради човечка или техничка грешка.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера изјави дека дронот носел експлозив, еден вид бомба и дека понатамошната истрага ќе утврди кој и на кој начин го лансирал проектилот кон Хрватска, како и дали се работи за грешка, саботажа или намера.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО