9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Боки 13 за кого е констатирано дека има нарушено здравје, е преместен во оддел со  најлоши услови во затворот „Идризово“

НАЈЧИТАНО

Бојан Јовановски-Боки 13 за кого е констатирано дека има нарушено здравје, е преместен во оддел со  најлоши услови во затворот „Идризово“. Од полуотвореното одделение каде што беше сместен по пресудата, сега, по издржување на скоро половина од казната – тој е преместен во затворениот дел на затворот, односно старата зграда, пишува А1он.

Порталот наведува дека директорот Шпенд Тахири одлуката за преместување на Јовановски ја донел само четири дена откако е поставен на функцијата, но ниту на Јовановски-Боки 13, ниту на адвокатскиот тим не им ги кажал причините.

И Народниот правобранител за порталот потврдил дека Јовановски е со нарушено здравје и треба да биде преместен во подобри услови.

– Утврдено е дека тој престојува во просторија со уште четири лица и истата не ги исполнува стандардите предвидени како со домашното законодавство така и со меѓународните правила. Условите за одржување на хигиена во оваа просторија се далеку полоши од оние кои Јовановски ги имал кога престојувал во полуотвореното одделение. Народниот правобранител смета дека треба да се разгледа можноста тој да биде сместен во просторија  која има подобри хигиенски услови, од онаа во која сега престојува – изјавил Народниот правобранител по посетата на Јовановски.

Порталот наведува дека се шпекулира дека Јовановски е преместен откако  дал интервју за А1он.

Адвокатскиот тим на Јовановски се сомнева дека преместувањето е реваншизам со кој ќе се овозможи молк и дупла казна. Управата за извршување на санкции тогаш одбила да даде одобрение.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО