26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Божиновски вели дека судот одбил супервештачење во „Талир 2“

НАЈЧИТАНО

Второобвинетот во случајот „Талир 2” Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата, упати критики до Основниот Кривичниот суд – Скопје дека во тек на судењето за овој предмет му се прекршени неговите права.

– Судот стори повреда на правото на мојата одбрана со тоа што прифати како доказ да биде изведено вештачење од Обвинителството кое е изготвено без знаење и учество на одбраната – рече обвинетиот Божиновски.

Воедно, тој истакна дека ова вештачење е реализирано спротивно на законските прописи кои предвидуваат дека странките преку технички советници имаат право да учествуваат во собирањето на доказите и реализирање на вештачењата.

– Судот не го прифати предлогот на одбраната за донесување наредба за спроведување на супер вештачење при постоење на спротивставени вештачења на ОЈО и на одбраната. Ова преставува повреда на еднаквоста на оружјата – истакна Божиновски.

Меѓудругото тој негираше дека договарал или преговорал со АД – Бетон за изградба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Со изведените докази од Обвинителството тој посочи дека не поткрепено обвинението.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО