26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Богоев вели да се насочиме кон кризата

НАЈЧИТАНО

Потрпетседателот на СДСМ Стефан Богоев во вестите на телевизија Сител, вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ го оцени како партиски, без некоја спектакуларна бројка на присутни, со повторување на едни исти фрази.

– Пораките горе долу беа вообичаените, немаше нешто посебно што се кажа, со исклучок на онаа изјава на Мицкоски дека додека е тој Бугарите нема да влезат во Уставот, што според мене е чудно и малку нејасно како изјава, бидејќи токму Мицкоски имаше одредени изјави изминатите денови и недели, каде велеше „Бугарите во уставот, само ако нема понатамиошни условувања – рече Богоев, додавајќи дека истиот став го повторија и потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Николоски и Муцунски и затоа е нејасно ваквото нагло вртење.

Богоев додаде дека другите пораки на протестот на опозицијата не беа ништо ново туку излитени фрази, повторување на едно исто, во една ситуација кога светот е во криза, која се рефлектира и кај нас.
– Кога гледаме како во светот позиција и опозиција се обединуваат чудно е како опозицијата си дозволува луксузи во вакви тешки времења, наместо да нуди нешто конструктивно оди со истите фрази и од друга страна навистина е чудно како ВМРО-ДПМНЕ си дозволува ваков луксуз во време на криза, кога знеме дека еден таков митинг, на кој се носат луѓе од страна чини 200 – 300.000 евра – нагласи Богоев.

Тој нагласи дека нездраво, нелогично и несериозно во овој период да се разговара за предвремени избори, додавајќи дека оваа тема е затворена со денешната владина коалициска средба и усвоената декларација.

– Немаме намера да разговараме за предвремени избори, зборуваме за економски мерки за справување со кризата, а според изборното законодавство 2 месеци пред избори и 1,5 по избори, односно 4 месеци, активностите на владата се регулурани со закон, не смеат да се прават измени на јавни набавки, нешто не смее да се набавува, додека собранието е распуштено, кој ќе ги донесе мерките, како техничка влада ќе споревудува мерки, истакна Богоев, додавајќу дека крајно нелогично е сега да има избори, најмалку што треба се врзани раце на собрание и влада во период кога треба да се помага на граѓаните и државата – додаде тој.

Во врска со најавите на опозицијата за блокирање, Богоев нагласи дека вон здрав разум се такви изјави и најави во најтешка економска криза по втората светска војна.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО