Блок 3 на РЕК Битола е ставен во функција

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Блок 3 на РЕК Битола е ставен во функција, а од вчера попладне во 17:35 часот е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија.

„Монтажата на новиот трансформатор на блокот заврши успешно, но стручни лица од РЕК Битола и од производителот будно ја следат работата на постројката со цел повторното вклучување во системот да помине во најдобар ред“, велат од ЕСМ.
Блок 3 на РЕК Битола повторно е вклучен во работа после 366 дена откако во ноември 2021 година неговиот трансформатор беше оштетен во пожар предизвикан од надворешен фактор. Новиот трансформатор на Блок 3 го изработи турската компанија „Астор”.

„Во исто време, трансформаторот кој беше оштетен во пожарот, се наоѓа на репарација во специјализирана фабрика во Република Србија и се очекува наскоро и тој да пристигне во РЕК Битола каде ќе се чува како резерва за евентуални слични непријатни ситуации во иднина“, потенцираат од ЕСМ.

Со вклучувањето на Блок 3, РЕК Битола работи со полн капацитет. Последен пат комбинатот работел со сите три блока во грејната сезона 2019/2020 година, односно од февруари до март 2020 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Османи повикува да се вратиме на позитивниот дијалог

„Време е да ставиме црта на пинг-понг дискусијата со Бугарија“, одговори денеска Бујар Османи на новинарско прашање дали македонското МНР ќе испрати протестна нота...

Јован Тозиевски ,Градоначалник на Општина Ресен-Искрено жалење од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Ресен за катастрофалниот земјотрес кој и...

Изразувам искрено жалење од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Ресен за катастрофалниот земјотрес кој и се случи на нашата...

Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Владата на Република Северна Македонија попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата...

Moda

Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
spot_img
spot_img
spot_img