8.3 C
Ohrid
Wednesday, December 7, 2022

Блинкен призна дека Украина и бездруго тешко ќе влезеше во НАТО

НАЈЧИТАНО

Непристапувањето на Украина кон Северноатлантската Алијанса не треба да се гледа како отстапка пред Русија, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

– Не сметам дека тоа е отстапка. Според мене, тоа е одраз на реалноста дека и пред руската агресија Украина не можеше за брзо време да се присоедини кон НАТО – рече Блинкен во изјава за Си-Ен-Ен.

Блинкен ја повтори загриженоста на САД дека Кина би можела да ѝ пружи материјална помош на Русија или да ѝ помогне на Москва да ги заобиколи воведените санкции.

– Постои вербална поддршка од Кина или барем отсуствува недвосмислен став на Пекинг по однос на руските активности. Тоа е во спротивност со сето она на што декларативно се обврза Кина, вклучувајќи ги тука и основните принципи на Повелбата на ОН за почитување на суверенитетот на државите. Фактот што Кина не ги осуди постапките на Русија многу говори – не само за Русија, Украина или Европа туку и за целиот свет – рече Блинкен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО