22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Блинкен: Акциите на Кина околу Тајван се неоправдани, непропорционални и провокативни

НАЈЧИТАНО

Кинеските воени вежби околу Тајван како одговор на посетата на претседателот на Претставничкиот дом на САД на Тајван претставуваат непропорционална и неоправдана ескалација, изјави во петокот американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Блинкен рече дека Соединетите Држави постојано ѝ ставиле до знаење на Кина дека не сакаат криза, додавајќи дека Вашингтон и неговите сојузници се сериозно загрижени за најновите акции на Пекинг.

Кина ги спроведува своите најголеми воени вежби досега во Тајванскиот теснец, вклучително и лансирање ракети околу островот за кој тврди дека е дел од нејзината територија.

„Нема оправдување за овој екстремен, непропорционален и ескалирачки воен одговор“, рече Блинкен на прес-конференција на маргините на регионалниот форум на АСЕАН во Камбоџа.

„Сега ја подигнаа опасната активност на повисоко ниво“, додаде тој.

Тој нагласи дека САД нема да преземат мерки за да предизвикаат криза, но ќе продолжат да ги поддржуваат регионалните сојузници и да одржуваат нормален воздушен и поморски транзит низ Тајванскиот теснец.

„Ќе летаме, ќе пловиме и ќе оперираме секаде каде што дозволува меѓународното право“, рече тој.

Во Камбоџа, Блинкен се состанува со колеги од Југоисточна Азија и 27 други земји, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Велика Британија, Европската унија и Индија.

Тој не се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), која е домаќин на состанокот, претходно повика на воздржаност од сите страни, додавајќи дека постои ризик од погрешна пресметка и конфликт меѓу големите сили.

Кина во петокот соопшти дека ќе воведе санкции за претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси за нејзината „злобна“ и „провокативна“ посета на Тајван.

Блинкен рече дека АСЕАН и другите азиски претставници се сериозно загрижени дека активностите на Кина ќе го дестабилизираат целиот регион.

„Последното нешто што земјите во регионот го сакаат е разликите меѓу Кина и Тајван да се решат со сила“, рече Блинкен.

„Наша и должност е да се однесуваме одговорно. Не сакаме ниту една земја, вклучително и Кина и Русија, да го нарушува меѓународниот мир и безбедност“, додаде тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО