5.9 C
Ohrid
Tuesday, December 6, 2022

Близу 37 отсто од тестираните на Миконос се позитивни на ковид-19

НАЈЧИТАНО

На грчките острови Миконос и Санторини 36,98 отсто, односно 25,32 отсто од направените тестови за ковид-19 се позитивни во изминатата седмица, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), за стапката на позитивност во периодот од 6 до 12 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина.

За разлика од една седмица претходно, на Миконос има зголемување за 14 отсто на позитивните случаи (од 22,91 процент на 36,98 отсто), а на Санторини за 2 отсто.

Според стапката на позитивност, следи западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со 16,33 отсто, островот Карпатос со 16,14 проценти, како и островот Милос со 15,7 проценти.

Со над 10 отсто се и островите Парос, Андрос, Закинтос и Родос, како и центарот на Атина.

Во конкретниот период од 7 дена стапката на позитивност во Грција е 6,18 отсто, од вкупно 556.948 лабораториски тестови (ПЦР и рапд), наспроти 4,88 отсто пред една седмица.

Националната организација за јавно здравје на Грција еднаш седмично, заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 3.517.898 случаи на ковид-19, се проценува дека има 144.221 реинфекции што е 3,9 отсто од вкупниот број на позитивни резултати, а починаа вкупно 30.049 лица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО