5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Бијонсе по пет години пауза настапи во Дубаи

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Познатата пејачка Бијонсе по петгодишна пауза настапи во Дубаи и тоа за дури 24 милиони долари. Концертот траеше еден час и се одржа во новиот хотел „Атлантис Ројал“ (Atlantis The Royal).

На сцената се појави и ќерката на пејачката Блу Ајви (11), а во публиката беа и нејзиниот сопруг Џеј Зи, како и родителите Тина и Метју Ноулс, објавија американските медиуми.

Настапот го започна со песната „At Last“ на легендарната Ета Џејмс, а потоа следуваа нејзините хитови „Beautiful Liar“, „Halo“, „Crazy in Love“, „Naughty Girl“, како и понови мелодии, вклучувајќи ги „Freedom“, „Spirit“ и „Be Alive“.

Концертот беше проследен со огномет и диџеј сет на Swedish House Mafia.

Во еден момент за време на шоуто, на Бијонсе ѝ се придружи на сцената ќерката Блу Ајви Картер за да го изведат нивниот дует „Brown Skin Girl“.

За едночасовниот концерт Бијонсе, наводно добила хонорар од 24 милиони долари.

 

Ѕвездата на сцената освен со музиката, импонираше и со стилот – носеше сет на блескави изгледи за време на настапот, вклучително и жолт фустан со корсет на Ателје Зухра по нарачка, кој беше обложен со здолниште со пердуви .

Во текот на Концертот, Бијонсе се пресоблече во друга тоалета, целосно црвен ансамбл на Николас Џебран составен од тесно боди , украсено со златен накит преку торзото и градите, како и во розев ансабл. На црвениот килим позираше во златна тоалета со потпис на „Долче и Габана“.

И покрај тоа што на присутните им беше строго забрането да објавуваат снимки и фотографии од настапот, тие набрзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Пејачката во јули минатата година го издаде албумот „Renaissance“. Извори за списанието „Пејџ сикс“ изјавија дека таа ќе оди на турнеја ова лето.

„Благодарение на овој албум, успеав да избегам од реалноста за време на пандемијата. Во тој период се чувствував слободна и ѝ се препуштив на авантурата“, изјави претходно Бијонсе.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Имунолог: Зголемен бројот на заболени од грип, препорачувам вакцинација

Имунологот Милош Марковиќ од Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Белград посочи дека бројот на заболени од грип во Србија е...

Со остра реакција го предупреди западот, нивниот потег нема да остане без одговор

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека обидот на Западот да го конфискува рускиот имот нема да остане без...

Косово постави шест услови за формирање на ЗСО

Премиерот на Приштина, Албин Курти, денеска на седницата на Собранието во Приштина презентираше шест услови за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), пренесува...
spot_img
spot_img
spot_img