8.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Битолчани бараат слобода за дедото кој го уби поранешниот зет

НАЈЧИТАНО

И двајцата синови на убиениот Стојанче Соколов денеска им се придружија на стотината битолчани кои ја бараат правдата и слободата за Тони Ѓорѓиевски-Фердо (62), кој завчера во одбрана на својата ќерка го уби својот поранешен зет.

Тони Ѓорѓиевски од вчера се наоѓа во притвор откако Јавното обвинителство го сомничи за убиство со умисла, оценувајќи дека постои опасност да побегне од земјава или да влијае врз сведоците.

Инаку, во моментите кога се случило убиството, во домот на Ѓорѓиевски биле присутни шест лица и сите шестмина биле потенцијална мета на зетот кој се заканувал со мачета.

На денешниот протест присутен беше и Јове Ѓорѓиевски (31), син на Тони Ѓорѓиевски, а кој изјави дека убиството се случило во самоодбрана и оти поранешниот зет пристигнал во куќата со намера сите да ги убие.

– Убиството се случи во самоодбрана, а Стојанче дојде со намера да нѐ убие. Проблемот со него го имавме повеќе од две децении. Постојано пријавувавме во полиција и во Социјалното. Стојанче консумираше дрога и пиеше алкохол. Ги малтретираше и ги тепаше домашните, ми се закануваѓе и мене, и на сестра ми, и на внуците. Сестра ми буквално со трчање дојде кај нас дома и ми рече: овој пат е решен да нѐ убие! Немаше друго решение, јас бев со татко ми кога ја скрши вратата. Тогаш видов зомби, а не човек. Веднаш нѐ нападна со мачета, а татко ми само пукна со пиштолот и толку – раскажа Јове Ѓорѓиевски.

Тој вели дека неговиот татко е 62-годишен човек и нема намера да бега од државата.

– Ако сакавме да направиме бегство немаше јас лично да повикам полиција и брза помош. Ако не пукаше татко ми, сега ќе имаше многу жртви, убиениот беше подготвен и децата да си ги отепа – рече тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО