25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Битиќи тврди дека топлина за скопјани ќе има навреме

НАЈЧИТАНО

Навреме ќе биде испорачана топлинската енергија до домаќинствата во Скопје, граѓаните не треба да се грижат, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Битиќи рече дека она што е најважно во моментот е постапката за избор на нов економски оператор на топлинска енергија да биде транспарентна и да заврши навреме.

–  Според Законот за енергетика, БЕГ мора да ги исполнува своите обврски додека не се назначи нов економски оператор. До пред две седници на Владата беше задолжен Генералниот секретаријат да распише процедура за нов економски оператор. Дали тоа ќе биде ЕСМ или било кој друг оператор не можеме да прејудуцираме – рече Битиќи.

Прашан дали Владата се подготвува финансиски да помогне во случај ЕСМ да биде избран за нов оператор, Битиќи одговори дека најпрво треба да се види која ќе биде новата цена на парното греење, а потоа да се разгледа дали ќе бидат потребни евентуално финансиски интервенции.

– Ако ЕСМ го преземе управувањето со топлиниската енергија во град Скопје, како секоја друга компанија ќе треба да има соодветни финанасиски ресурси. Мислам дека они влегуваат во ова на начин како што влегуваат во било која друга инвестиција – рече Битиќи.

Од Владата најавуваат и мерки за поддршка за најранливите категории на граѓани кои немаат алтернатива за греење, освен парно.

– Министерството за финансии веќе работи на дизајнирање на ваквите мерки за поддршка на најранливите категории. Мерките треба да бидат таргетирани и насочени кон семејствата кои имаат ниски примања – рече министерот за економија Крешник Бектеши.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО