2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Битиќи му одговори на Мицкоски

НАЈЧИТАНО

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи преку социјалните мрежи му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрсистијан Мицкоски, откако тој го покани во партиското седиште да разговараат за предлогот на Мицкоски за ублажување на енергетската криза.

„Во среда е закажан Економски совет во широк формат, кој се обидовме да биде продуктивен и конструктивен за време на корона кризата. За жал, опозицијата таа шанса за покажување на дело грижа и совесност не ги покажа, напротив не се одважи да дојде па започна со блокада, па активна блокада на Собранието.
Граѓаните знаат дека јавно веќе скоро три години ги повикувам на соработка и одговорност, со цел справување со кризата.

Еве, повторно, вратите се отворени, решенијата секогаш се наоѓаат на маса на која сите седиме заедно. Нема потреба од разговор во 4 очи, зад затворени врати. Комплексноста на оваа криза од нас бара да се кренеме над себе, бидејќи солидарност, одговорност и колективна мудрост е она што ќе не изнесе низ неа“, напиша Битиќи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО