16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Бирото за развој на образование треба да смисли како да се надополнат изгубените часови

НАЈЧИТАНО

Бирото за развој на образованието треба да процени колку наставни часови им фалат на наставниците и да направи програма која што ќе се реализира до 10 јуни, со што учебната година би завршила согласно закон.

– Постои основ, министерот за образование има дискреционо право по 100 одработени наставни денови да ја верифицира годината како завршена, не постои опасност од кршење на некој закон дека не се реализирани 180 наставни денови – изјави денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Тој рече дека се на почеток на преговорите со Министерството за образвание, односно продолжуваат каде што застанале.

– Реално сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заеднички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници. Ние ја отворивме Пандорината кутија за подигнување на работничката свест, за подигнување на барањата на работниците во однос на почитување на законите и колективните договори, особено овој закон за минималната плата, со кој апсолутно секој работник во државата е засегнат. Тоа е можеби најголемиот успех што СОНК го направи во име на сите работници во државата. Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите во сите дејности и во приватниот и во јавниот сектор – рече Неделков.

Тој потенцира дека имаат рок од десет дена за усогласување на ставовите по однос на медијацијата и ако во текот на тој рок не се постигне договор, тогаш ќе мора да се продолжат преговорите за уште десет дена.

– Десет дена ни е рокот за усогласување на ставовите по однос на медијацијата. Постои законска одредба, кога еден од партнерите не е задоволен од постигнатите резултати, поднесува барање за продолжување за десет дена. Сакам да бидам оптимист и убеден дека за десет дена ќе најдеме решенија, ако не ќе мора да одиме на уште десет дена. Што ако Владата остане тврда на ставовите дека има толку средства и дека не може да излезе од тие рамки? Тогаш органите на одлучување на СОНК ќе расправаат за тоа што е понудено, да донесат одлука што понатаму. Јасно е дека штрајкот е ставен во мирување, таа одлука треба да се потврди, односно да се отповика или да се активира штрајкот – рече тој.

Во петокот имале работна средба со МОН и со медијаторот, кој што по службена должност бил предложен од МТСП, на кој биле утврдени начинот на разговорите, принципите што значи медијација, кои се надлежностите на медијаторот. Втемелени биле барањата, кои што СОНК писмено ги има доставено до МОН.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО