15.9 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Бин Салман го обвинуваат за соучество во убиството на Кашоги

НАЈЧИТАНО

Групата за заштита на човековите права „Демократија за арапскиот свет сега“ денеска поднесе тужба до судот во Париз против саудискиот принц Мохамед бин Салман за соучесништво во убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги.

Групата во соопштението на својата веб-страница објави дека поднела тужба од 42 страници во која се тврди дека Бин Салман бил соучесник во исчезнувањето и тортурата и убиството на Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во 2018 година.

Оваа организација, со седиште во Вашингтон, и која се занимава со човековите права во државите од Персискиот Залив, ги повика француските власти да покренат истрага против Бин Салман, кој е во официјална посета на Франција.

Бин Салман во текот на денот треба да се сретне со претседателот на земјата Емануел Макрон.

Групата што ја поднесе тужбата вели дека две други групи за човекови права го поддржале нејзиниот повик до француските власти, додавајќи дека принцот Бин Салман нема имунитет од гонење бидејќи не е шеф на саудиската држава.

– Како потписник на Конвенцијата на Обединетите нации против тортура и присилно исчезнување, Франција мора да ги истражи осомничените како Бин Салман доколку се најдат на нејзина територија – се вели во соопштението.

Саудискиот принц е во својата прва официјална посета на Европската Унија по убиството на Кашоги. Пред Франција ја посети Грција.

Џамал ​​Кашоги беше колумнист на Вашингтон пост и критичар на саудиските власти. Тој беше убиен на 2 октомври 2018 година во саудискиот конзулат, каде што отишол да ги земе документите потребни за да се ожени со турска државјанка. Неговото тело не е пронајдено.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО