7.9 C
Ohrid
Thursday, December 1, 2022

Билал Касами останува на лидерската позиција на движењето БЕСА, Хоџа е избран за негов заменик

НАЈЧИТАНО

Билал Касами останува на лидерската позиција на движењето БЕСА. Новина од Вториот конгрес на партијата, што се одржа денеска во Скопје е изборот за првпат на заменик претседател на БЕСА, на која позиција, како што изјави за медиумите Касами, е избран досегашниот генерален секретар Аријанит Хоџа. Касами немал противкандидат за лидерската позиција.

– За мене тоа е голема чест истовремено и одговорност да бидам на чело на една партија која докажа дека е доследна на принципите за кои се залага дека е заштитник на сите на кои им се прави неправда – рече Касами.
Тој рече дека со изборот на заменик претседател, партијата го зајакнува раководство со што се подготвува и понатаму да се бори за правата на Албанците и на сите граѓани кои имаат потреба од нивната поддршка.

– Ние докажавме дека иако имавме многу проблеми со кои се соочивме во минатото дека не потклекнуваме и не запираме, туку продолжуваме уште посилно напред. Ќе се залагаме за еднаквост, слобода и за продолжување на патот кон целосна интеграција на Македонија во ЕУ. Ова особено после последните случувања во Украина, за кои ние сме убедени дека посилно треба да се залагаме за целосно зачленување во ЕУ – порача Касами.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО