3.3 C
Ohrid
Saturday, February 4, 2023

Почина Ристо Стефановски – Беше театролог и долгогодишен директор на Драмскиот театар

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Ристо Стефановски долгогодишен директор на Драмски театар Скопје (1957-1983) почина денеска, соопшти Националната установа Драмски театар Скопје.

Стефановски (театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар) е роден 1928 година во Скопје. По завршувањето на Државната театарска школа во родниот град, две години студирал глума на Театарската академија во Белград. Од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Од пролетта 1957 година раководел со Куклениот театар во Скопје кој подоцна се трансформирал во денешниот Драмски театар. Го обмислува, реализира и уредува театарското списание „Театарски гласник“ од 1977 година. Во меѓувреме дипломирал на Факултетот за драмска уметност во Белград, отсек организација. Под негово раководство, Драмски театар Скопје го остварува најголемиот подем потвреден од најпрестижните театарски фестивалски награди и сојузни признанија. Од 1983 година Ристо Стефановски е генерален директор на Македонскиот народен театар во Скопје. Автор е на книгите: „Театарот во Македонија“ (кратка верзија, идз. „Македонска книга“, 1976 година, Скопје), „Театарот во Македонија“ од античкиот период до слободата, „Мисла“, 1990 година, „Театарот во Македонија од партизанскиот период до Младинско детскиот театар“ (1941-1958), „МНТ“, 1998 година, „Театарот во Македонија“ – Современи тенденции (1958-1962), „МНТ“, 2002 година, „Театарот во Македонија“ – Нова естетика (1963-1965), „Pro litera“, 2003 година, Театарот во Македонија“ – Нова естетика (1966-1967), „Pro litera“, 2004 година, Театарот во Македонија“ – Подем на сценската уметност (1968-1971), „Pro litera“ 2006 година, Театарот во Македонија“ – Автентична театарска естетика (1972-1975), „Pro litera“, 2008 година, Театарот во Македонија“ – Време на подем и широка афирмација (1976-1979), „Pro litera“, 2009 година, Театарот во Македонија“ – Круна на подемот (1980-1983), „Pro litera“, 2010 година, Театарот во Македонија“ – Зенитот на МНТ (1984-1987), „Pro litera“, 2011 година, „Театарот во Македонија“ – (1988-1991); 2012 година, „Летопис на македонската драма и театар“, – Прва книга, Дирекција за култура и уметност (1998), „Летопис на македонската драма и театар“, – Втора книга, „Pro litera“ 2006 година, „Монографија“ – 30 години Драмски театар 1946-1976, заедно со Душко и Милош Константинов, Драмски театар 1976 година, „Летопис – Македонски театар 1945-1995“, заедно со Славко Маринковиќ, МНТ, 1995 година, „Народен театар Јордан Хаџи Константинов-Џинот – 50 години“, 1948/49-1998/99, Заедно со Славко Маринковиќ, НТ Јордан Хаџи Константинов Џинот, 1999 година, „Од Хераклеа до Народен театар Битола“, НТ Битола, 1994 година, „40 години Охридско лето“ – драмскиот дел (1961-2000), Охридско лето 2000 година, „50 години Охридско лето“ – драмскиот дел (1961-1990), Охридксо лето 2010 година, „Турски театар“ монографија 1950-2010, Турски театар 2010 година, „Македонска енциклопедија“ (дел за театар), МАНУ 2009, „Театарот во Македонија – од почетоците до ослободувањето“, Македоника 2011 година, „Мојот театар“ – Театарски вистини, записи, сведоштва, сеќавања (2013), Написи за театарот во Македонија во англиската и американската „Историја на светскиот театар“ и други.

Добитник е повеќе награди, меѓу кои: Св. Климент Охридски (1988); Стериина награда за животно дело на Фестивалот Стериино позорје, Нови Сад (1989); Награда на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за животно дело (1989); Орден за труд со бронзен венец; Орден за труд со сребрен венец; Орден за труд со златен венец; Награда 13 Ноември (1983); Награда 11 Октомври (1988); Одликување на Француската влада Palmes Academiques, и други.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НАЈДОБРИТЕ ОД СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2022 ГОДИНА“

На свечена церемнонија денес беа доделени наградите за „Најдобрите од спортот во општина Охрид за 2022 година“. – По втор пат за една година под...

Пејачката Бритни Спирс ја обвини актерката Алиса Милано за „злоставување“

Пејачката Бритни Спирс (41) ја обвини актерката Алиса Милано (50) за „злоставување“ откако актерката објавила твит кој ја навредил. Ѕвездата на серијата „Charmed“ изразила загриженост...

Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на...

Граѓани со знамиња, со транспаренти и со столици, со план да останат до утре, вечерва се обидоа да бидат ноќна стража крај гробот на...
spot_img
spot_img
spot_img