2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Берлин ѝ го нуди системот на Варшава, но забрани да го дадат на Украина

НАЈЧИТАНО

Одлуката дали да се испрати системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина ја носат поединечни земји, изјави генералниот секретар на НАТО, коментирајќи го барањето на Полска до Германија за снабдување на Украина со ваков вид оружје.

Берлин ѝ го понуди на Варшава системот „Патриот“ за да и помогне подобро да го одбрани својот воздушен простор откако залутан проектил уби две лица во Полска во текот на минатата недела, но полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак ја повика Германија да испрати такво оружје во Украина наместо во Полска. Во четвртокот германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт го одби таквото барање.

– Системот „Патриот“ е наменет за употреба на територијата на земјите-членки на НАТО и за секоја употреба надвор од таа област би била потребна претходна координација на Алијансата со членките – рече таа.

Сепак, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во денеска рече дека одлуката е на самите членки.

– Конкретни одлуки за конкретни системи се носат на национално ниво – изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.

– Понекогаш има договори со крајните корисници, па затоа е неопходно да се консултира со другите сојузници. Но, на крајот одлуката ја носат националните влади – рече тој.

Системот „Патриот“ го произведува американската компанија Рејтеон.

Одговарајќи на прашањето за ризикот НАТО да стане страна во конфликтот доколку го испрати „Патриот“ во Украина, Столтенберг рече дека сојузниците веќе испорачале напредно оружје во Киев без персонал.

– Кога беа потребни експерти за управување со такви системи, без разлика дали станува збор за воздушна одбрана или напредни артилериски системи, беше организирана обука за Украинците во земја членка на НАТО – рече првиот човек на НАТО.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО