2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Бен Афлек ја продава својата луксузна палата во Лос Анџелес

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

На холивудскиот актер Бен Афлек, како што вели, му здосадила својата палата во Лос Анџелес и решил дека е време да ја продаде.

Американскиот актер Бен Афлек, кој неодамна се ожени со пејачката и актерка Џенифер Лопез, реши на пазарот на недвижности да ја пушти својата вила во Лос Анџелес, која ја купи летото 2018 година за нешто помалку од 20 милиони долари.

Сега сака да ја продаде за 30 милиони долари, неодамна тој и Џенифер купија нова престижна вила, за која славниот брачен другар плати 60 милиони долари.

Вилата, која Бен сега ја продава, може да се пофали со седум спални соби и девет бањи. Вилата е поставена на парцела која нуди голема приватност, а пред неа има и прекрасен базен, кој многу луѓе би сакале да го имаат пред своите домови во топлите денови.

Околу вилата има навистина голема зелена површина, која врие од забави во градината и спортски активности. Бен може да се пофали дека внатре има и велнес сала, кино сала, теретана и винарска визба и дека се е опремено на многу луксузен и префинет начин.

Актерот некогаш живеел во вилата со својата претходна сопруга Џенифер Гарнер, со која заедно имаат три деца, кои сега дел од времето живеат со својата мајка, а дел од времето со својот татко.

Бен отсекогаш имал нос за добар бизнис, во својата богата кариера секогаш инвестирал во недвижнини, па денес може да се пофали дека поседува многу завидни имоти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, при што во декември таа изнесува 4,44%.  Просечната каматна стапка на вкупните депозити исто така бележи раст...

Дикаприо нов вид змија именувал по својата омилена жена

Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо на новооткриениот вид змии му дал име по својата омилена жена. Актерот и екологист ја доби честа да именува нов...

Високи нивоа на микропластика откриени во операционите сали

Научниците открија високи нивоа на микропластика во операционите сали како резултат на „неверојатно високата“ количина пластика за еднократна употреба што се користи во современите...
spot_img
spot_img
spot_img