17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Бензините поевтини за 2 денара, а дизелот за 2,5 денари

НАЈЧИТАНО

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто во однос на вчерашната одлука.

Според РКЕ, малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за 2 денара и ќе изнесуваат 96,50 и 99 денари.

Малопродажните цени на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,5 денари и за „еуродизел“ ќе изнесува 97,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 96 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 денари и ќе изнесува 52,466 денари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО