14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Бензема: Ми помогна заминувањето на Роналдо од Реал

НАЈЧИТАНО

Карим Бензема повторно одигра одлична партија во финалето на Суперкупот на Европа, постигнувајќи гол во победата на Реал Мадрид над Ајнтрахт Франкфурт (2:0).

Ова беше 324. гол на Французинот за Мадрид и сега е на второто место на листата на најдобри стрелци на шпанскиот клуб, само зад Кристијано Роналдо (450).

„За мене се е поинаку откако Кристијано Роналдо го напушти Реал. Точно е дека постигнав многу повеќе голови, но кога тој беше тука, имавме поинаков стил на игра, повеќе асистирав. Тој навистина ми помогна на теренот и надвор од него. Но, тогаш знаев дека можам многу повеќе и кога тој замина, време беше да ја сменам играта, да ги сменам амбициите и во моментов ми оди добро“, изјави Бензема пред финалето на Суперкупот.

Реал новата сезона во Ла Лига ќе ја започне в недела од 10 часот на гости кај Алмерија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО