25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Белата куќа предупредува на операција „лажно знаме“

НАЈЧИТАНО

Белата куќа предупреди дека Русија би можела да употреби хемиско оружје во Украина или да спроведе „операција под лажно знаме“ што ќе биде во нивна корист, јави Си-Ен-Ен.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, критикувајќи ги, како што ги нарече, лажните тврдења од Русија дека САД развиваат хемиско оружје во Украина, напиша на Твитер:

„Сега кога Русија ги изнесе овие лажни тврдења, а Кина навидум ја поддржа оваа пропаганда, сите ние треба да внимаваме Русија евентуално да употреби хемиско или биолошко оружје во Украина или да го искористи во операција под лажно знаме. Тоа е јасна шема.”

Псаки, исто така, посочи на „долгата и добро документирана историја на Русија за користење на хемиско оружје“, како и нејзиниот модел на „обвинување на Западот за прекршувањата кои Русија самата ги прави“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО