16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Бектеши: Ќе работи и третиот блок во РЕК Битола

НАЈЧИТАНО

Не чека една од најтешките зими во последните децении. Направени се сите подготовки. При крај сме со набавката на соодветните количини на мазут и јаглен со цел да се зголеми домашното производство на електрична енергија, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека во функција ќе биде ставен и третиот блок на РЕК Битола.

Ги повика граѓаните и институциите да штедат електрична енергија со цел да се намали товарот врз ЕСМ и да има можност вишокот на електрична енергија да го насочи кон стопанството. Во моментот кога ќе се прогласи кризна состојба, како што посочи Бектеши, може да им се наложи на институциите кои се под надлежност на Владата да штедат енергија, а за граѓаните ваквите апели ќе биде во форма на препораки.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО